Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Селин Дион лута на Трамп затоа што без дозвола ја користел нејзината песна на предизборен митинг

Шоубиз

Селин Дион лута на Трамп затоа што без дозвола ја користел нејзината песна на предизборен митинг

Канадската пејачка Селин Дион го критикуваше републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за користење на песна што ја напишала и пеела за филмот „Титаник“ на предизборен митинг.

Менаџерскиот тим на Селин Дион на социјалните мрежи се осврна на употребата на песната „My Heart Will Go On“ од страна на Трамп. Тие наведуваат дека Доналд Трамп повеќе нема да може да ја користи таа песна и дека воопшто не дале дозвола.

Тие велат дека ја искористиле песната на митинг во Монтана. Пејачката не дала дозвола за нејзина употреба и не поддржува политички кандидати да ја користат нејзината песна.

„Селин Дион не ја одобрува оваа или слична употреба… И навистина, ТАА песна?“, се додава во соопштението за медиумите.

Трамп беше исмејуван на социјалните мрежи откако песната „My Heart Will Go On“ од 1997 година беше искористена на неговиот предизборен митинг во американската сојузна држава Монтана, додека видеото на Дион што ја изведува беше пуштено на голем екран.

Песната „My Heart Will Go On“ беше објавена на албумот Let’s Talk About Love и како саундтрак за „Титаник“. Стана една од најпознатите песни на сите времиња, продадена во 18 милиони копии, а Дион за неа доби Оскар, Златен глобус и неколку Греми награди.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.