Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Селин Дион на насловната страница на францускиот „Вог“: „Се надевам дека ќе се случи чудо“

Шоубиз

Селин Дион на насловната страница на францускиот „Вог“: „Се надевам дека ќе се случи чудо“

Селин Дион позираше за насловната страница на француското издание на магазинот „Вог“ и проговори за својата болест. Имено, пејачката боледува од невролошкото пореметување Синдром на вкочанета личност, кое и беше дијагностицирано есента 2022 година.

„Болеста не ја победив затоа што се уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научни истражувања, но токму сега морам да научам да живеам со неа Значи, ова сум јас сега, со синдром на вкочанета личност“, изјави таа за магазинот.

Таа откри како изгледа нејзиниот живот по дијагнозата.

„Пет дена во неделата одам на атлетска, физикална и вокална терапија. Работам на прстите на рацете и нозете, колената, нозете, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам. На почетокот се прашував: Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е ова моја вина?“

Таа вели дека моментално има два избора – да тренира како спортист или целосно да се исклучи.

„Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што гледам, имам два избора: Или ќе тренирам како спортист и ќе работам одлично, или ќе се исклучам и сè ќе заврши, ќе останам дома, ќе ги слушам моите песни, ќе застанам пред огледало и ќе си пејам за себе. Мојата цел е повторно да ја видам Ајфеловата кула!“

Открила кој најмногу и помага во оваа борба.

„Пред сè, љубовта на моето семејство и моите деца, љубовта од фановите, исто така и поддршката на мојот тим. Луѓето кои страдаат од оваа болест можеби немаат доволно среќа или средства да имаат добри лекари и добри третмани. Тоа е подарок, знам дека ништо нема да ме спречи.“

На прашањето дали ќе се врати на сцената вели дека нема конкретен одговор.

„Не можам да одговорам на тоа… Затоа што четири години си велам дека не се враќам назад, дека сум подготвена, дека не сум подготвена… Како што стојат работите, не можам да ти кажам: „Да, за четири месеци“. Не знам… Ќе ми каже телото. Од друга страна, не сакам само да чекам. Морално е тешко да се живее од ден на ден. Тешко е, работам многу напорно и утре ќе биде уште потешко. Утре е друг ден. Но, има едно нешто што никогаш нема да престане, а тоа е волјата. Тоа е страста. Тоа е сонот. Тоа е посветеноста.“

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.