Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Семејството Бекам на премиерата на документарната серија „Beckham“ во Лондон

Шоубиз

Семејството Бекам на премиерата на документарната серија „Beckham“ во Лондон

Дејвид Бекам го донесе своето семејство на премиерата на новата документарна серија на Нетфликс за неговиот живот, каде неговата сопруга Викторија Бекам и четирите деца се појавија на црвениот тепих во лондонскиот Мејфер.

„Beckham“ е минисерија од четири дела која го следи растот на британската фудбалска ѕвезда од скромно семејство во еден од најпрепознатливите играчи во своето време на теренот и надвор од него. Серијата покажува како сега 48-годишниот пораснал во славен спортист и се трансформирал во глобална медиумска икона по спонзорствата и неговиот брак со Викторија Адамс од Spice Girls.

Во елегантното издание Викторија позираше крај него, а им се придружија и четирите деца Бруклин (24), Ромео (21), Круз (18) и Харпер (12). Со постарите синови беа и нивните партнерки Никола Пелц (28) и Миа Реган (20).

Секако, премиерата не ја пропуштија многу познати фаци, како Џејмс Корден и Ана Винтур и соиграчот на Дејвид од Манчестер Јунајтед и негов кум Гери Невил.

„Кога ја започнав мојата кариера во деведесеттите години во Манчестер, имаше одлична музика и одлична сцена, а Манчестер Јунајтед беше еден од најуспешните клубови во фудбалот. Ве потсетува на нешто што беше многу посебно и се надевам дека луѓето кои ќе го гледаат ова ќе бидат многу горди и ќе се потсетат на некои поубави времиња“, вели Бекам.

Во соопштението, Нетфликс рече дека гледачите ќе имаат можност да откријат како Дејвид стана глобален феномен – ќе го запознаат „човекот зад името“. Во четири епизоди ќе добијат увид во неговиот живот „зад камерата“, неговите односи со семејството, пријателите и соиграчите. Тие најавија интервјуа со бројни ѕвезди, кои сигурно ќе ги вратат спомените од неговите славни денови. Сер Алекс Фергусон, Рио Фердинанд, Пол Сколс, Рој Кин и Диего Симеоне се само некои од нив. Покрај тоа, ќе ги прикаже 24-те години брак на славната двојка, вклучувајќи ги и нивните тешки моменти.

Неговата сопруга, модната дизајнерка Викторија Бекам, во филмот зборува за најтешкиот и најболниот период во нејзиниот живот, а станува збор за времето кога Дејвид играл во Шпанија, во текот на 2003 година.

Тогаш медиумите објавија за неговото наводно неверство, кое Бекамови секогаш го негираа. Сепак, тие сега отворено проговорија за борбата за спас на нивната врска. Прашана дали тоа бил најтешкиот период во нејзиниот брак, Викторија изјави:

„Сто проценти, тоа беше најтешкиот период за нас. Затоа што се чувствувавме како светот да се свртел против нас. А клучно беше што и ние се свртевме еден против друг, ако бидам целосно искрена. Сѐ додека Дејвид не отиде во Мадрид, се чувствуваме како ние двајца да се бориме против целиот свет. Но, бевме заедно, бевме поврзани, се имавме еден со друг. Но, кога бевме во Шпанија се чувствувавме како да се загубивме еден со друг. И тоа беше тажно, не можам ниту да ви кажам колку лошо влијаеше тоа врз мене“.

„Beckham“ започнува да се прикажува на филмската платформа Нетфликс од денеска, 4 октомври.

 

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.