Шоубиз
Северина ги сретна Ковачиќ и Модриќ на одмор, фудбалерите позираа со нејзиниот син
Хрватската музичка ѕвезда Северина летува со синот Александар на малиот остров Врник кај Корчула. Таму ги сретнала хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Матео Ковачиќ.
Фудбалерите позираа со пејачката и нејзиниот син, а Северина тие фотографии ги сподели на Инстаграм.
„Момци кои освен на теренот нè радуваат со својата појава и надвор од него… Ви благодариме Лука и Матео“, напиша пејачката.
Северина пред неколку дена објави фотографија со синот која ги воодушеви нејзините следбеници. Во описот на фотографијата напишала: „За мене – фотографија на летото“.
Лука и Матео по Европското првенство заминаа на заеднички одмор и ги посетиле Пељешац, Корчула, Дубровник. Ковачиќ на својот Инстаграм објави неколку фотографии од одморот на кои позира со сопругата Изабел и синот Иван и Лука и неговата сопруга Вања.