Шоубиз
Шакира и Пике се договориле за привремено старателство над нивните два сина
Пејачката Шакира (45) и нејзиното поранешно момче фудбалерот Жерар Пике (35) веќе извесно време се борат за старателството над синовите Милан (9) и Саша (7), а сега постигнале привремен договор.
Како што пренесуваат некои странски медиуми, колумбиската пејачка и шпанскиот фудбалер донеле заедничка одлука нивните синови половина од месецот да го поминат со мајка им, а другата половина со татко им.
Како што пишува La Vanguardia, откако пејачката уживаше со синовите Саша и Милан во Мексико, Сан Диего и Лос Анџелес, сега е време за фудбалерот. Колумбијката пред неколку дена се врати во Барселона со децата во семејниот дом кој своевремено го делеше со Пике и веднаш му ги предаде на Пике. Саша и Милан ќе поминат две недели со својот татко кој се преселил во стан во центарот на Барселона.
Сепак, ова е само краткорочно решение бидејќи поранешната двојка мора да се договори за старателство над децата и двајцата имаат ангажирано тимови од адвокати. Она што сака Шакира е да се пресели во Мајами со момчињата, а Пике сака тие да останат да живеат во Барселона каде што тој е најголемиот дел од времето. Според шпанските медиуми, има големи шанси нивните синови да останат во Барселона и следната учебна година.