Шоубиз
Шакира и Пике ставија крај на својата 12-годишна врска? Шпанските медиуми пишуваат дека причината е неверство
Иако сите се надеваат дека ова е само озборување, според странските медиуми, фудбалерот Жерард Пике и неговата долгогодишна партнерка, популарната пејачка Шакира со недели не живеат заедно.
Новинарот на Ел Периодико, Емилио Перез де Розас, се појави во подкаст каде што рече дека наводно 45-годишната пејачка го фатила 10 години помладиот фудбалер во неверство.
Шпанските медиуми пишуваат дека Пике наводно живее сам во својот стан во Барселона неколку недели по инцидентот и дека официјално ќе се разделат во некој момент во блиска иднина. Оваа вест ги погоди нивните фанови бидејќи изгледаа како еден од најхармоничните парови во светот познат со години.
Тие се запознаа во 2010 година за време на Светското првенство во Јужна Африка, а во врската која никогаш не ја крунисаа со брак, добија два сина – 9-годишниот Милан и 7-годишниот Саша.
Оваа гласина ја поткрепува и фактот дека Шакира неодамна сама прошетала на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, како и дека уживаше на Ибица само со синовите додека Пике не бил присутен.
Иако, ова не е првпат медиумските колумни да се полнат со пишувања за нивно раскинување, а дали овојпат се вистинити ќе покаже времето. Парот сеуште се нема огласено во врска со овие шпекулации.