Шоубиз
Шакира им се обрати на имигрантите во САД и ја посвети Греми наградата на своите синови!
Шакира блесна на 67. доделување на „Греми“ и ја освои наградата за најдобар латино поп албум, а заедно со тоа, не ја заборави својата најголема поддршка – синовите Саша и Милан. Пејачката го привлече вниманието со неверојатен стомачен танц, а потоа ја отпеа својата химна „Shakira: Bzrp Music Sessions Vol. 53“, во која го изрази болното искуство од изневерувањето на својот поранешен партнер Жерар Пике.
Покрај музичката победа, Шакира не заборави да ја искористи сцената за да испрати моќна порака до имигрантите во САД. Со емоционален говор, таа нагласила: „Секогаш ќе се борам со вас!“ и ја изрази својата поддршка за имигрантските заедници, кои се соочуваат со претседателските закани за депортации.