Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шакира откри кој пејач и помогнал за време на разделбата со Пике

Шоубиз

Шакира откри кој пејач и помогнал за време на разделбата со Пике

Колумбиската пејачка Шакира (47) се разведе од фудбалската ѕвезда Жерар Пике (37) пред повеќе од две години, а неодамна откри кој и бил најголем поддржувач во тешкиот период.

Таа за магазинот „Rolling Stone“ откри дека тоа е пејачот на групата „Coldplay“, Крис Мартин.

– Беше со мене кога се разделивме и кога бев скршена. Секој ден проверуваше како сум и ми испраќаше зборови на поддршка – изјавила пејачката.

Имено, Шакира и Крис се запознале кога биле заедно во жирито на американското талент шоу „The Voice“, а особено се зближиле додека пејачката минувала низ тешкиот развод.

– Го гледам како личност која животот го гледа низ друга призма, која е чувствителна на туѓите потреби и многу емпатична – додаде ѕвездата за магазинот каде Крис е на насловната страница.

Шакира и Пике се разделија во 2022 година, откако наводно шпанскиот фудбалер имал афера со младата девојка Клара Чиа. Двојката има две деца, синовите Милан (11) и Саша (9). Шакира издаде неколку нејзини хит песни во кои пее за разделбата.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.