Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шестгодишниот син на раперот Фло Рида итно префрлен во болница по пад од петти кат на зграда

Шоубиз

Шестгодишниот син на раперот Фло Рида итно префрлен во болница по пад од петти кат на зграда

Шестгодишниот син на американскиот рапер Фло Рида, Зохар, бил префрлен во болница откако паднал од прозорец од петти кат на зградата во Џерси Сити, каде живеел со својата мајка.

Инцидентот се случил на почетокот на март, но беше објавен токму сега, откако мајката, Алексис Адамс, поднесе тужба против градежна фирма и фирма за монтажа на прозорци, кои се обвинуваат дека одговорни за падот на детето.

Зохар се здобил со сериозни повреди, вклучувајќи повреда на црниот и белиот дроб, скршеници на стапалото и карлицата, и внатрешно крварење.

Мајката бара отштета, вклучувајќи ги и медицинските трошоци, затоа што раперот наводно не плаќал алиментација со години. Фло Рида се заблагодари на сите кои се грижат за неговиот син и истакна дека тој ја добива најдобрата можна медицинска грижа. Детето е уште во гипс и нема информации кога ќе биде пуштен на домашно лекување.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.