Шок на промоцијата на новиот албум на Канје: Најпрво се запали на сцената, а потоа се појави и Ким во венчаница
Во склоп на промоцијата на престојниот албум, Канје Вест организираше забави и концерти на стадиони. На последниот таков настан, раперот ја шокираше публиката кога се запали на сцената, а исто така му се придружи и поранешната сопруга.
⛽️#Donda pic.twitter.com/ifK1Tbr7iW
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021
За време на последната песна на концертот „No Child Left Behind“, на Канје на сцената му се придружи Ким Кардашијан. Таа беше облечена во бела „Balenciaga“ венчаница, со вел преку лицето. Кога стигнала до него светлата се исклучиле.
Ким Кардашијан и Канје Вест повторно ги разгорија гласините дека ќе ѝдадат нова шанса на врската.
❤️ #Donda pic.twitter.com/BqEFUAaqe4
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021
Раперот и ријалити ѕвездата беа во брак 6 години и се родители на 4 деца. Бракоразводната парница ја покренаа во февруари оваа година, но тие останаа во добри односи, заедно ги растат децата и се поддржуваат меѓусебно.
RT if you're watching @kanyewest's #Donda live. pic.twitter.com/LsHwM3zl1g
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021