Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шопинг изборот го откри полот на бебето – дали Ријана очекува девојче?

Шоубиз

Шопинг изборот го откри полот на бебето – дали Ријана очекува девојче?

Поп-ѕвездата Ријана и нејзиниот партнер, раперот „A$AP Rocky“, го очекуваат своето второ дете, откако минатата година станаа родители по првпат.

Иако двојката се уште го нема потврдено полот на второто бебе, странските медиуми пишуваат дека неодамнешниот шопинг избор на Ријана навестува „доаѓање“ на девојче. Поп-ѕвездата била уловена додека купува пастелно розово боди за бебе, за кое се претпоставува дека е наменето за наследникот, пишува „Дејли Мејл“.

Ријана и раперот ја започнаа својата романса во 2020 година, а во мај минатата година добија син. Во интервју за магазинот „Вог“, таа откри дека повторно е бремена за време на нејзиниот настап на овогодишниот Супер Боул. Поп-ѕвездата призна дека со години внимава на својата линија и обично избегнува слатки, но поради бременоста не може да одолее на чоколадото.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.