Шоубиз
„Шоуто“ на Канје и Бјанка на црвениот тепих на Греми може раперот да го чини 20 милиони долари
Архитектката Бјанка Ценсори, сопруга на раперот Канје Вест, шокираше со својот моден избор на овогодинешното доделување на Греми наградите. Ценсори на црвениот тепих пристигна во проѕирен фустан, под кој беше гола.
По скандалозното појавување пред фотографите, многумина почнаа да шпекулираат дека Бјанка може да биде казнета, но тоа нема да се случи, како што пренесуваат американските медиуми.
Извори од полицијата во Лос Анџелес изјавија дека никој од присутните официјално не се пожалил на облеката на Бјанка. Тие истакнаа и дека се работи за приватен настан.
„Додека облеката на г-ѓа Ценсори несомнено ја премина границата, обвиненијата за непристојна изложеност во Калифорнија бараат намерно и јавно изложување на нечии гениталии со намера да навреди или сексуално возбуди некого. Теоретски е можно, но малку веројатно, таа да се соочи со каков било вид кривично гонење за овој инцидент“, рече адвокатот Андреа Агунтула.
Додека Бјанка можеби нема да се соочи со казни за нејзиниот проѕирен фустан, нејзиниот сопруг Канје би можел да се соочи со други проблеми поради инцидентот. Поради ситуацијата на Греми, пишува Дејли Меил, тој би можел да остане без договор за меѓународен концерт вреден 20 милиони долари.
Раперот треба да изведе две шоуа во Токио Доме во мај, но по Греми, оние што ги финансираат концертите почнале да се предомислуваат. „Инвеститорите во Јапонија кои го поддржуваат концертот се крајно вознемирени поради ова. Многу е веројатно дека нема да ги финансираат настапите“, изјавил извор за медиумот. Тој додаде дека изгледот на парот на црвениот тепих бил „дочекан со ужас“ во Јапонија и го опишал како „неверојатно морничав“.
Изворот објаснил и дека она што го направил Канје се смета за „чин на присилна контрола, што е целосно неприфатливо“. „Тој целосно погрешно ја процени Јапонија кога станува збор за културата. Тој погрешно ја процени толеранцијата на јапонскиот народ кон овие активности. Тој едноставно повеќе не е добредојден“, истакна изворот.
Инаку, раперот на доделувањето на Греми се појави во црна, едноставна облека, а Ценсори влезе во салата во црна бунда. Откако накратко им позираа на фотографите, Вест, како што забележаа читателите на усните, и рече да „направи сцена“, а Бјанка потоа драматично ја спушти бундата. Најпрво го покажа задниот дел од аутфитот, а потоа се сврте и покажа дека не носи ништо под проѕирниот фустан.
По доделувањето на наградите, парот отиде на забава, а Ценсори исто така се одлучи за проѕирна комбинација.