Шоубиз
Што ќе каже Џо Џонас? Неговата поранешна сопруга отиде на вечера со неговата поранешна девојка
Пејачката Тејлор Свифт (33) и актерката Софи Тарнер (27), двете поранешни партнерки на Џо Џонас (34), одлучија да излезат заедно во Њујорк. Се забавувале до два часот по полноќ и секако ималe доволно теми за разговор.
Вечерале, а потоа останале да пијат до два часот по полноќ и излегоа заедно рака под рака, пренесува Daily Mail. Пејачката излезе во фустан и широка тексас јакна, додека актерката се одлучи за сив топ и панталони.
Имено, Тејлор и Џо беа во врска во 2008 година, а пејачот се венчаше со Софи во 2019 година. Многу фанови неодамна беа изненадени од веста дека славниот пар се разведува. Џонас поднел барање за развод во судот во Мајами и ангажирал адвокат.
„После четири прекрасни години брак, решивме да се разделиме. Има многу приказни за тоа, но ова е навистина заедничка одлука. Се надеваме дека секој може да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца“, напишаа Џо и Софи во заедничкото соопштение.
Имаше сомнежи дека песната „Forever & Always“ од албумот на Тејлор „Fearless“ е за Џонас, како и „Mr. Perfectly Fine’, а пејачката за време на гостувањето во шоуто на Елен Деџенерис откри дека Џо ја прекинал врската со телефонски повик од 25 секунди. Сепак, тие подоцна ја поправија својата врска, а Тејлор му се извини што го прозва на таков јавен начин, додека тој рече дека се во добри односи.