Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шварценегер задржан на аеродромот во Минхен поради луксузен часовник

Шоубиз

Шварценегер задржан на аеродромот во Минхен поради луксузен часовник

Американскиот актер и политичар со австриско потекло Арнолд Шварценегер е приведен во средата на аеродромот во Минхен бидејќи не пријавил скап часовник на царина, соопшти Царинската управа.

Познатиот холивудски актер од Лос Анџелес патувал за Германија, но на аеродромот бил запрен од цариниците и бил претресен неговиот багаж. Според неколку германски портали, во куферот на Шварценегер пронашле луксузен часовник, по што започнала истрага.

„Шварценегер сепак може да го напушти Минхен во среда, но часовникот мора да остане тука“, изјави Томас Мајстер, портпарол на царината на аеродромот во Минхен. „Шварценегер беше должен да го пријави и исчисти часовникот затоа што часовникот треба да остане во Европската унија“.

Како што пишува весникот „Билд“, Шварценегер имал намера да го продаде скапиот часовник во четврток во Кицбил, Австрија, на аукција во корист на климатската иницијатива на која тој е спонзор.

Германски Билд доби фотографија на која Шварценегер гледа во камерата и држи кутија додека го испрашуваа царинските службеници. Часовникот што тој го носел, „Audemars Piguet“ припаѓа на „големите три“ компании кои произведуваат часовници, со почетна цена по парче од 17.000 долари до 100.000 долари, наведува британски Метро.

Против актерот и поранешен гувернер на Калифорнија е покрената кривична постапка за затајување данок, соопшти прес-службата на главната царинска управа на Минхен. Актерот исто така наводно платил и казна од 35.000 евра.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.