Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Синот на Џон Бон Џови и ѕвездата на „Stranger Things“ објавија фотографии од нивната раскошна венчавка

Шоубиз

Синот на Џон Бон Џови и ѕвездата на „Stranger Things“ објавија фотографии од нивната раскошна венчавка

Откако во мај имаа интимна церемонија во друштво на најблиските, актерката Мили Боби Браун (20) и нејзиниот сопруг, синот на рокерот Џон Бон Џови, Џејк Бонџови, повторно се венчаа. Овој пат раскошната венчавка беше во Италија. „Секогаш и засекогаш, твојата сопруга“, му рече ѕвездата од „Stranger Things“ на Џејк.

Новопечениот пар објави фотографии од нивната раскошна венчавка, а се венчаа во вилата „Cetinale“, која важи за една од најубавите вили во Тоскана.

На својата втора прослава, младата актерка носеше дури четири различни дизајнерски невестински фустани, почнувајќи од традиционален модел со долг вел од тантела, до краток сатенски фустан, пишува Page Six.

Бонџови носеше костум од Том Форд со бело сако и црни панталони.

Музичарот Џон Бон Џови сподели неколку детали од првата венчавка на неговиот син.

– Беше тоа многу мала, семејна свадба и невестата изгледаше прекрасно, а Џејк беше пресреќен – изјави тогаш.

На почетокот на април оваа година беше објавено дека Мили и Џејк се свршија. Парот е заедно од 2022 година, а претходно беа пријатели.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.