Шоубиз
Синовите на Шакира пеат и свират пијано заедно со неа во нејзиниот нов спот
Новата песна на Шакира е лична и посветена на нејзините два сина, Милан и Саша.
Пејачката го објави спотот за нејзината емотивна песна „Acróstico“, во која пее за тоа како нејзините деца ја научиле на вистинското значење на љубовта и како таа го сака само најдоброто за нив.
Видеото го прикажува семејното трио како седи на пијаното и се прикажуваат снимки од некој како ги пакува собите на децата и ги гаси светлата во празната куќа. Шакира, исто така, се гледа како сама седи на пијаното, опкружена со спакувани кутии околу неа.
Додека Шакира ја пее баладата, која е љубовно писмо до своите деца и им кажува дека тие прават да се чувствува подобро среде предизвикувачките времиња, нејзините момчиња седат до неа. Саша и Милан пеат и свират пијано додека Шакира гордо ги гледа.
Слаткото видео завршува така што Шакира ги прегрнува своите момчиња.
-Оваа година Милан напиша песни кои ме натераа да плачам од емоции и Саша посвети многу часови на пијано, откривајќи го својот глас. Двајцата минуваа време со мене во студиото и откако ја слушнаа оваа песна, посветена на нив, побараа да бидат дел од неа. Тие ја почувствуваа и ја изведоа самите за себе, со страст и емоции само на луѓе кои ја носат музиката во себе. Милан и Саша, прекрасно е да ве гледам како ги ширите вашите крилја за да си ги остварите соништата. Нема ништо што прави да се чувствувам поисполнето од тоа што сум ваша мајка – напиша Шакира во објавата на Инстаграм.