Шоубиз
Скандал: Вил Смит го удри Крис Рок на сцената на Оскарите
Вил Смит и Крис Рок приредија вистинска драма на 94-тото доделување на Оскарите.
Контроверзниот комичар беше еден од презентерите на доделувањето на наградите, а неговиот коментар за сопругата на Вил, Џејда Пинкет-Смит не му се допадна на актерот.
Имено, Крис ја спореди Џејда со „Г.И. Џејн“ поради избричената глава, и покрај тоа што актерката отворено зборуваше за проблемите кои и предизвикуваат губење на косата. Вил потоа излезе на сцената и го удри Крис.
-Држи го името на мојата жена надвор од твојата е**** уста“ – му извика Вил два пати откако се врати на своето столче во публиката, а пред драмата на сцената, Џејда отворено ги преврте очите на несоодветната шега.
Во салата владееше тишина, а Твитер изгоре од коментари.
После тоа, Вил доби Оскар за најдобар актер за неговата изведба во филмот „Кралот Ричард“, но инцидентот секако фрли дамка на неговата награда.