Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скандал во центарот на Белград: Марија Шерифовиќ пцуе и удира по автомобилот (ВИДЕО)

Шоубиз

Скандал во центарот на Белград: Марија Шерифовиќ пцуе и удира по автомобилот (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се рашири видео кое стана хит за краток период. На снимката е прикажана српската пејачка Марија Шерифовиќ (37) како вреска во центарот на Белград, пред автомобил запрен на сред пат.

Лицето кое го снимило видеото стоело на балконот од блиската зграда. На видеото се гледа дека Марија на сред пат го запрела автомобилот, излегла и пцуела на цел глас, а потоа се доближува до својот автомобил и удира со тупаница по прозорецот.

Марија изнервирана потоа влегува во автомобилот и вреска толку силно што се слуша дури и во зградата над која е паркирана.

-Одговори ми – врескала Марија, додека едно непознато женско лице ја смирувало цело време.

Додека на Твитер се шпекулираше што е причината за нејзиното такво однесување и која е личноста на која и се обраќа, Шерифовиќ потврди дека е на видеото и појасни што се случило.

-Иако тоа никого не треба да загрижува, приватно добив лоши информации. Единствена личност на која треба да му се извинам е мојот автомобил и ако разбудив некого – изјавила пејачката за еден српски медиум.

На социјалните мрежи веднаш почнаа шпекулации дека во тој момент со Марија била и Џејла Рамовиќ, со која ја поврзуваат откако младата пејачка победи во „Ѕвездите на Гранд“.

Српските медиуми наведуваат дека видеото е снимено ноќта меѓу 8 и 9 август, а Марија неколку дена подоцна настапила во Зрењанин каде на сцената се појави со гипс на раката. Потоа за медиумите изјавила дека се повредила додека и помагала на мајка си.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.