Скарлет Јохансон е повторно бремена: Ѕвездата на Марвел го очекува првото дете со сопругот Колин Џост
Популарната актерка е позната по својата таинственост земајќи во предвид и дека се венчаше во тајност. За својот партнер Колин Џост се омажи по 3 години врска, на интимна церемонија на која биле повикани само семејствата и најблиските пријатели.
За бременоста на Скарлет Јохансон (36) започна да се шпекулира откако таа пропушти неколку промоции на филмот „Black Widow“
-Не присуствуваше на многу интервјуа и забави, што е чудно, бидејќи освен тоа што ја игра главната улога, таа е и извршен продуцент на филмот – изјавил извор за Page Six.
Наместо тоа, таа се јавувала преку платформата „Zoom“, а во шоуто на Џими Фалон „Tonight show“ беше снимана само до рамената.
-Скарлет и Колин се пресреќни, наскоро треба да се породи, но навистина се труди тоа да го задржи во тајност – изјавуваат извори.
Актерката од првиот брак ја има ќерката Роуз (6), и ова ќе и биде прво дете со Колин Џост (39) со кој се венчаше на тајна церемонија во 2020 година.