Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скарлет Јохансон и „Дизни“ постигнаа спогодба за „Black Widow“

Шоубиз

Скарлет Јохансон и „Дизни“ постигнаа спогодба за „Black Widow“

Скарлет Јохансон и „Дизни“ постигнаа спогодба за „Black Widow“

Познатата актерка ја обвини компанијата „Волт Дизни“ дека намерно го прекршиле договорот за филмот „Black Widow“ како би и нанеле финансиска штета, а по јавното препирување, тие успејаа да се договорат надвор од судот.

Јохансон, која во филмот ја има улогата на главниот суперхерој, кон крајот на јули ја тужеше компанијата , обвинувајќи дека го прекршиле договорот со објавувањето на платформата „Дизни плус“, додека филмот се емитуваше и во кината. Глумицата сметаше дека оваа одлука ја лишува од можна заработка.

-Дизни намерно го прекрши договорот како би ја спречил Јохансон во потполност да ги оствари своите користи од договорот со Марвел – пишуваше во тужбата.

Од другата страна пак, Дизни тврди дека тие постапиле така поради зголемениот број на заразени со корона вирусот. Сега, по едно завршено рочиште, тие успејаа да се спогодат.

-Драго ми е што успеавме да се договориме заедно со Скарлет Јохансон за „Black Widow“. Го цениме нејзиниот придонес за „Marvel Cinematic Universe“ и се радуваме на заедничка соработка на бројни претстојни проекти, вклучувајќи го „Disney Tower of Terror“ –  изјави Алан Бергман од студиото Дизни.

-Горда сум на работата која ја имаме сработено заедно во текот на изминатите години и многу уживав во креативниот однос со тимот – изјави Скарлет по успешната спогодба со која Дизни треба да и исплати околу 5 милиони долари.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.