Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Славната макекенка Жизел Бундшен на 44 години стана мајка по третпат

Шоубиз

Славната макекенка Жизел Бундшен на 44 години стана мајка по третпат

Семејството на една од најуспешните бразилски манекенки Жизел Бундшен доби ново бебе. Познатата убавица го роди своето трето дете, а првото со партнерот Хоаким Валенте.

Бразилската манекенка Жизел Бундшен (44) стана мајка по трет пат, пренесува TMZ. Жизел го роди своето трето дете, прво со партнерот Хоаким Валенте (35). Мајката и бебето се добро, но полот и името на бебето се уште не и се познати на јавноста, јавуваат странските медиуми. На крајот на октомври беше откриено дека Жизел е бремена.

Маркетинг

Жизел е веќе одредено време во романтична врска со Хоаким Валенте, мајстор за џиу-џицу. Според странските медиуми, манекенката и Валенте ја започнале врската веднаш откако Жизел се разведе од НФЛ ѕвездата Том Брејди.

Жизел и Том беа еден од најпознатите парови во САД, се венчаа во 2009 година и имаат две деца, синот Бенџамин (15) и ќерката Вивијан (11). Иако изгледаа како хармоничен пар, пред три години објавија дека се разведуваат, наведувајќи ги како причина различните животни приоритети.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.