Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Софија Вергара: „Поради улогата на колумбиска дилерка на дрога, научив како да шмркам кокаин“

Шоубиз

Софија Вергара: „Поради улогата на колумбиска дилерка на дрога, научив како да шмркам кокаин“

Актерката Софија Вегара гостуваше во ток-шоуто на Џими Фалон каде раскажа како Андрес Баиз, режисерот на мини-серијата „Griselda“ (во која Софија ја игра колумбиската шверцерка на дрога Гризелда Бланко), ја научил како да пуши цигари и да конзумира кокаин.

“Не знаев ништо. Ме научи да пушам. Ме научи како да земам кокаин. Ме научи многу”, рекла Софија, по што водителот се насмеал, како и публиката во студиото.

“Неверојатно, имам 51 година и не знам како да запалам цигара. Никогаш не сум користела кокаин. Тоа беше одлично искуство”, додала актерката.

Нејзината изјава на сите им беше урнебесна, а актерката разбра зошто и се смеат, па продолжи: “Кокаинот што го консумирав беше лажен. Но морав да се преправам. И цигарите беа лажни. Се беше лажно, но глумата беше вистинска “, појасни Софија.

Да потсетиме, Гризелда Бланко ја нарекуваа „кралица на кокаинот“, а беше позната по трговијата со кокаин во околината на Њујорк и Мајами, а оние кои имаа можност да работат со неа тврдат дека била поладна и побезмилосна од Пабло Ескобар. Некои веруваат дека таа била вмешана во повеќе од 200 убиства. Таа беше во затвор со години и беше ослободена во 2004 година и депортирана во Колумбија. Во 2012 година, Бланко беше убиена во Меделин од маж на мотор додека излегуваше од месарница.

Новата драма на Нетфликс во шест дела ќе се занимава со нејзиниот живот и криминална кариера. Серијата ќе започне да се емитува на Нетфликс на 26 јануари.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.