Сопругата и ќерката на Вил Смит ја шокираа јавноста
Сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит и ќерката Вилоу се пофалија на Инстаграм со своите нови фризури и ги изненадија фановите.
Џејда ја покажала својата свежо избричена глава откривајќи дека нејзината ќерка Вилоу и била инспирација.
-Вилоу ме натера да го сторам ова, бидејќи беше време… Моите педесетти ќе бидат божествено осветлени од оваа избричена глава – напишала Џејда.
Вилоу ја споделила заедничката фотографија на својот Инстаграм.
-Подарокот е чист кога се дава од срце на вистинската личност во вистинско време и на вистинско место и кога не очекуваш ништо за возврат – напишала 20-годишната Вилоу и истата објава ја сподели Џејда.