Шоубиз
Сопругот на Бритни Спирс потврди дека се разведуваат: „И посакувам се најдобро“
По неколку дена молк откако се појави веста за разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари, Сем конечно се огласи на социјалните мрежи. Тој потврди дека тој и Бритни се разведуваат по само 14 месеци брак.
„По шест години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга решивме да го завршиме нашето патување заедно. Ќе се држиме до љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и ѝ посакувам сè најдобро. Ср*ња се случуваат“, напиша Сем.
„Звучи лудо да барам приватност, па затоа само ќе ги замолам сите, вклучително и медиумите, да бидат љубезни и внимателни“, додаде тој на крајот.
Американските медиуми пишуваат дека оваа недела Сем поднел барање за развод во Врховниот суд во Лос Анџелес, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина за нивното раскинување. Се разделиле на 28 јули, се наведува во барањето.
TMZ неодамна објави дека Сем се соочил со Бритни за гласините за нејзиното неверство. Не се знае дали гласините се точни, но Сем им поверувал и имале жестока расправија, по што тој се иселил од нивната куќа.
Тогаш медиумите дознаа дека Сем бара од Бритни да му плати повеќе отколку што е наведено во нивниот предбрачен договор, а ако не го стори тоа, тој се заканил дека ќе ги открие нејзините тајни. „Тој се обидува да преговара за отстапки надвор од предбрачниот договор и се заканува дека ќе излезе во јавноста со крајно засрамувачки информации за Бритни ако не му биде платено“, вели изворот.
Парот се венчаше во јуни минатата година откако се верија во септември 2021 година. Тие се запознале во 2016 година на снимањето на музичкиот спот на пејачката за синглот „Slumber Party“.
Спирс и Асгари се венчаа 7 месеци откако судскиот надзор под кој таа беше 13 години, беше завршен во ноември 2021 година.