Српските новинари за македонската естрада: Џабе што добро пејат, кога не вложуваат!
Некои од македонските пејачи решија среќата да си ја побараат надвор од Македонија и да се обидат да освојат друг пазар, публика, но колку тоа му успева истражуваше естрадниот магазин „Бекстејџ”.
Сузана Гавазова, Сања Цинцева – Барби, Боби Павловски, Ѓоко Јовиќ се само дел од пејачите кои пробаа да го освојат српскиот пазар, единствено Елена Велевска се обиде да го освои бугарскиот пазар, покрај фолк пеачите и поп пејачите обид направија и Елена Ристевска, Тамара Тодевска, што имаат да кажат естрадните новинари Иван Гаиќ и Мили Чолиќ, погледнете и слушнете од видеото подолу: