Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Стинг ги одложува концертите поради здравствени проблеми

АТАНАС СТОЈАНОВСКИ / ПОПУЛАРНО.МК

Шоубиз

Стинг ги одложува концертите поради здравствени проблеми

Поради нарушено здравје, музичарот Стинг беше принуден да одложи два концерти и да го откаже своето учество на доделувањето на наградите на списанието „Бас“, пишува „Дејли мејл“.

73-годишниот пејач требаше да добие награда за животно дело на настанот, но по совет на својот лекар, со жалење го откажа појавувањето.

Маркетинг

Одложени се и неговите концерти во Феникс, Аризона и Витленд, Калифорнија, кои ќе се одржат на нови датуми откако пејачот ќе закрепне. Засега нема информации за природата на здравствениот проблем.

Портпаролот на Стинг потврди дека оригиналните билети на фановите ќе важат за новите датуми.
„Со длабоко жалење, Стинг мора да го откаже своето појавување на наградите на магазинот „Бас“ и да ги одложи концертите. Искрено се извинува за секоја непријатност и им благодари на своите фанови за разбирањето“, стои во изјавата.

Долгогодишна кариера и живот надвор од сцената

Поранешниот фронтмен на „Полис“ неодамна повторно привлече внимание со неговите изјави за личниот живот. Во едно интервју, тој откри дека наводите за „седумчасовни секс маратони“ со неговата сопруга Труди Стајлер, со која е во брак од 1992 година, биле шега.
„Не седум часа, но идејата не е лоша“, изјави Стинг, додавајќи дека таквите изјави од 90-тите биле „пијано фалење“.

Неговата сопруга, пак, уште во 2011 година со насмевка ги демантираше тие тврдења, велејќи дека станува збор за шега која медиумите ја пренеле премногу сериозно.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.