Шоубиз
Судот го одби барањето на Џеј Зи да се открие идентитетот на жената што го тужеше
Раперот Џеј Зи, со вистинско име Шон Картер, неодамна беше обвинет дека силувал 13-годишно девојче заедно со својот некогашен колега и пријател, раперот Шон Диди Комбс.
И двајцата рапери ги негираа обвинувањата, а Џеј Зи јавно го повика адвокатот Тони Базби, кој ја застапува неидентификуваната жена која ги тужеше. Освен што се расправаше со адвокатот преку социјалните мрежи, неговиот адвокатски тим поднел барање да се открие името на жената која ја поднесе тужбата против раперот.
Но, судот го одби неговото барање и поради тоа тужителот може да продолжи со тужбата и да остане анонимен. Како што пренесува „Њујорк пост“, судијката Аналиса Торес одлучила дека „тежината на факторите фаворизира да му се дозволи на тужителот да остане анонимен, барем во оваа фаза од парницата“.
Торес ги објасни нејзините причини и рече дека судот не е обврзан да ги наведе сите фактори или „да користи некоја посебна формулација сè додека е јасно дека ги балансира интересите кои биле централни за да се дојде до овој заклучок“. Судијата, исто така, верува дека наводната жртва е „особено ранлива на можната штета од обелоденувањето“, сето тоа затоа што таа наводно продолжува да се бори со депресија, посттрауматско стресно растројство и напади на паника поврзани со стресот што го доживеала како резултат на сексуална злоупотреба.
Судијката го изрази своето незадоволство од Џеј Зи и неговиот адвокат Алекс Спиро кои бараат непознатата жена да го открие нејзиниот идентитет и негирајќи го нејзиното барање да продолжи како Џејн До.
„Постојаното поднесување предлози од страна на адвокатот на Картер кои содржат заговарање и напади е несоодветно, губење на судските ресурси и тактика која веројатно нема да биде од корист на неговиот клиент. Судот нема да го забрза судскиот процес само затоа што адвокатот го бара тоа“, напиша таа во нејзината пресуда.
Непозната жена, која се нарекува Џејн До во тужбата, поднела тужба за силување против Диди уште во октомври. На почетокот на овој месец, таа ја измени тужбата за да го додаде името на Џеј Зи. Таа тврди дека инцидентот се случил на забава по доделувањето на видео музичките награди на MTV во 2000 година, кога имала 13 години. Во тужбата таа рече дека се се случило откако отишла на забавата на Диди каде се напила. После тоа ѝ се слошило и отишла да се одмори во спалната соба. По неа во собата влегле Комбс, Картер и уште една непозната женска славна личност. Таа тврди дека раперите наизменично ја силувале додека другата славна личност ги гледала.
Џеј Зи веднаш ги отфрли обвинувањата, како и адвокатите на Комбс. Диди веќе некое време се наоѓа во притвор во Њујорк, а се товари за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и криминални дела поврзани со проституција.