Шоубиз
ТАМАРА: „Која е поентата да се зема од уметноста и да се дава за амбулатни возила?“
Тамара Тодевска испровоцирана од коментарите на граѓаните за потрошениот буџет од 64.000 евра на годинашниот настап на Евровизија, го даде своето мислење на оваа тема.
– „Фалат амбулантни возила, фалат многу работи, ама која е поентата да се зема од уметноста и да се дава за амбулатни возила? Која е поентата да не се оди на Олимпијада или Евровизија, каде што може да се промовира и уметноста и спортот, и да бидеме дел од Европа и да слушне светот за нас, зошто и ние знаеме како треба, нели?“ – порача Тамара во студиото на 1ТВ.