ТАТКОТО НА БРИТНИ СПИРС: „Жал ми е што ја гледам ќерка ми во толкава болка“
По шокантните изјави на Бритни Спирс, се огласи и нејзиниот татко Џејми Спирс, преку изјава која ја дал неговиот адвокат.
– „На Џејми му е навистина многу жал што ја гледа својата ќерка во толкава болка. Тој ве уверува дека ја сака ќерка му која многу му недостасува”, изјавил адвокатот.
За шокот да биде поголем, се огласи и нејзината мајка, повторно преку адвокат, која во кратката изјава рекла дека е „многу загрижена мајка поради сè што слушна дека преживеала нејзината ќерка“.
„Татко ми и сите вклучени во ова треба да бидат во затвор“, изјави Бритни, додавајќи дека би сакала „да го тужи своето семејство“.
Судењето продолжува, а многу познати личности и обожаватели на социјалните мрежи ја поддржуваат пејачката во борбата за слобода.