Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Таткото на Тејлор Свифт обвинет за напад врз фотограф во Сиднеј

Шоубиз

Таткото на Тејлор Свифт обвинет за напад врз фотограф во Сиднеј

Таткото на Тејлор Свифт е под истрага во Австралија за наводен напад врз папараци во Сиднеј по нејзиниот последен концерт во градот. Инцидентот се случил кога Скот Свифт (71) наводно се нафрлил и го удрил 51-годишниот фотограф на пристаништето додека со Тејлор се симнувале од луксузна јахта.

Според „Сиднеј морнинг хералд“ (Sydney Morning Herald), ниту еден од двајцата мажи не е повреден. Бен Мекдоналд, извршен директор на „Матрикс медија груп“ (Matrix Media Group), потврди за австралиските медиуми дека тој бил тужителот и фотографот кој ги чекал Тејлор Свифт и нејзиниот татко кога тие пристигнале на пристаништето по нивното ноќно крстарење. Тејлор во моментот на инцидентот влегувала во автомобил, пренесуваат американските медиуми.

“Ја вршев мојата работа, бркајќи ја Тејлор. Таа штотуку се симна од јахтата во „Неутрален залив“ и одеше по пристаништето со неколку чувари околу неа. Обезбедувањето сакаше да не оттурне со своите чадори, а потоа нејзиниот татко реши да интервенира и ме удри. Бев шокиран… Не требаше да биде така бидејќи обезбедувањето држеше сѐ под контрола – рекол Мекдоналд и додал дека „сега случајот ќе ѝ биде оставен на полицијата“, изјавил Мекдоналд.

Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека истрагата е во тек.

„Две лица беа агресивни кон Тејлор туркајќи го нејзиното обезбедување и заканувајќи се дека ќе фрлат еден член на обезбедувањето во морето“, изјави претставник на поп-ѕвездата за TMZ.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.