Шоубиз
Тејлор Свифт сака нејзиниот дом да биде прогласен за културно наследство
Пејачката и актерка Тејлор Свифт сака нејзиниот дом на Беверли Хилс да добие статус на историска знаменитост. За нејзиниот план таа разговара со Здружението за културно наследство.
Нејзината вила има шест спални соби, пет бањи, библиотека, базен, кино и фитнес-центар. Имотот е изграден во 1934 година, а претходен сопственик бил холивудскиот продуцент Семјуел Голдвин, еден од основачите на Метро Голдвин Маер (МГМ).
Неговата фирма го продуцираше мјузиклот „Guys and Dolly“, во кој глумеа Марлон Брандо и Франк Синатра. Во домот на Голдвин претстојувале многу ѕвезди, како Чарли Чаплин, Кларк Гебл и Марлин Дитрих. Поради сето тоа, Тејлор смета дека куќата има историска вредност.
Нејзиното барање наскоро ќе биде разгледано.