Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тејлор Свифт доби почесен докторат на Универзитетот во Њујорк, одржа говор за благодарност

Шоубиз

Тејлор Свифт доби почесен докторат на Универзитетот во Њујорк, одржа говор за благодарност

Пејачката Тејлор Свифт (32) доби почесен докторат на Универзитетот за уметност на NYU во Њујорк. Тејлор одржа подолг говор пред студентите, а церемонијата се одржа на стадионот Јенки.

– Здраво, јас сум Тејлор. Последниот пат кога бев на стадион со оваа големина, танцував во високи потпетици и носев светкаво трико. Оваа облека е многу поудобна – Тејлор вака го започна говорот, а беше облечена во вообичаената наметка и капа кои се носат при вакви церемонии.

Познатата музичка ѕвезда додаде дека е воодушевена што се наоѓа таму и го слави дипломирањето.

– Никогаш не сум имала нормално искуство со студирање. Одев во државно средно училиште до 10-то одделение, а потоа го завршив образованието со работа од дома и на подовите на аеродромските терминали – рече таа и се заблагодари што станала доктор, барем на хартија.

– И никогаш не плашете се да се обидете. Многу сум горда што денеска го споделувам овој ден со вас, ви благодарам – заклучи таа.

Зборовите на Тејлор беа придружени со громогласен аплауз, а таа гордо ја зеде својата почесна титула.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.