Шоубиз
Тејлор Свифт е личност на годината на магазинот „Тајм“
Најголемата поп ѕвезда во светот е прогласена за личност на 2023 годинa.
Според американскиот магазин „Тајм“, Тејлор Свифт е прогласена за личност на годината. Традиционално, магазинот избира „Личност на годината“ од 1927 година, а на листата на добитници на оваа престижна награда се светски лидери, активисти и културни икони.
Свифт ја победи конкуренцијата од широк спектар на финалисти, вклучително и Барби, поранешните обвинувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп и неодамна крунисаниот британски крал Чарлс Трети.
– Ова е најгордиот и најсреќниот момент во мојот живот. И ова е најкреативната, најисполнетата и најслободната фаза во мојот живот – изјави Тејлор по добивањето на „титулата“.
Нејзините достигнувања само растат од ден на ден, а нејзините успеси се низат како од шега. Оваа позната поп ѕвезда е споредувана со Боб Дилан, Пол Макартни и Џони Мичел за нејзиното пишување песни.
И во нејзиното интервју за TIME, Свифт беше искрена за сето тоа – успехот што го постигна во 2023 година, како и многуте издигнувања и падови од претходните години што доведоа до тоа. Тејлор говореше за својата музика, прилично јавната романса со познатиот спортист Тревис Келси, својата турнеја и филмот кои рушат рекорди, расправиите со Ким Кардашијан, Канје Вест, Скутер Браун и многу повеќе.