Шоубиз
Тејлор Свифт фотографирана со нејзиното наводно ново момче
Тејлор Свифт (33) неодамна ја раскина шестгодишната врска со актерот Џо Алвин (32), а странските медиуми пишуваат за нејзиното наводно ново момче.
На 3 мај, помалку од еден месец откако беше објавена веста дека Тејлор Свифт и Џо Алвин ја прекинале својата шестгодишна врска, „The Sun“ објави дека 33-годишната поп ѕвезда започнала нова романса со 34-годишниот фронтмен на бендот „The 1975“, Мети Хили.
По првичниот шок, обожавателите на Свифт се вратија во детективски режим и дури почнаа да шпекулираат дека Свифт и Хили си разменуваат романтични пораки додека се на сцената.
@venusdaydreams this is either a hilarious comittment to the bit, super romantic, or my worst nightmare! #the1975tiktok #taylorswift #mattyhealy1975 #swifttok #mattyhealyedit #taylorandmatty
Дејли Мејл ги објави првите фотографии на пејачката со музичарот Мети Хили. Двојката беше фатена оваа недела како се упатуваше кон станот на Тејлор по нејзиниот концерт во Нешвил како дел од нејзината турнеја „Тhe Eras Tour“. Тие седеа еден до друг на задните седишта од автомобилот.
Taylor Swift and Matty Healy seen arriving to her Nashville condo in new photos obtained by Daily Mail. pic.twitter.com/K82TASQ5T6
— Pop Base (@PopBase) May 7, 2023
Пред тоа Мети присуствуваше на нејзиниот концерт заедно со нејзините пријателки Џиџи Хадид и Лили Олдриџ.