Шоубиз
Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис во трката за претседател на САД
Американската мегаѕвезда Тејлор Свифт ја поддржа демократската потпретседателка Камала Харис по телевизиската претседателска дебата меѓу Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп.
Во објава на Инстаграм, Свифт рече дека ќе гласа за Камала Харис на изборите во САД на 5 ноември, за кои анкетите покажуваат дека ќе бидат многу неизвесни.
Објавата на Тејлор Свифт вклучуваше слика на пејачката со мачка, а нејзината изјава беше потпишана како „мачкарка без деца“, како очигледна алузија на забелешките што претходно ги кажал кандидадот за потпретседател на Трамп, Џеј Ди Венс. Венс претходно ги опиша водечките демократи во едно интервју како „куп љубители на мачки без деца“.
„Ќе гласам за Камала Харис и Тим Валц на претседателските избори во 2024 година. Гласам за @kamalaharris бидејќи таа се бори за права и работи за кои верувам дека треба воин да ги брани“, рече Свифт во својата објава.
Камала Харис има голема поддршка во индустријата за забава. Многу пејачи, холивудски актери, продуценти и режисери ја поддржаа, велејќи дека ја гледаат Харис, која е родена во Калифорнија, како свој кандидат.
Во август, Трамп објави лажна слика на социјалните мрежи од Свифт, барајќи од луѓето да гласаат за него на изборите во ноември.
Свифт го спомна ова во својата објава, велејќи дека потегот на Трамп „навистина ги оживеа моите стравови за вештачката интелигенција и опасностите од ширење дезинформации“. Таа додаде: „Ме натера да сфатам дека морам да бидам многу транспарентна за моите вистински планови за овие избори како гласач“.