Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тејлор Свифт наводно се верила со долгогодишното момче Џо Алвин

Шоубиз

Тејлор Свифт наводно се верила со долгогодишното момче Џо Алвин

Една од најпопуларните американски пејачки Тејлор Свифт (32) и нејзиното момче, актерот Џо Алвин (31), наводно се вериле по повеќе од пет години врска, а гласините се шират веќе подолго време.

Како што пренесоа странските медиуми, радосната вест ја откриле само пред најтесниот круг на семејството и блиските пријатели, а актерот и го поставил на пејачката ’големото прашање’ пред неколку месеци. Пријател на Џо откри дека Алвин и купил на Тејлор прстен што таа го носи само „зад затворени врати“.

Двојката многу ја заштитува својата приватност и се видени само неколку пати заедно на црвениот тепих, а на ниту еден член од својот тим не кажале за свршувачката.

-Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие всушност беа свршени неколку месеци, но им кажаа само на својот близок, интимен круг на луѓе, всушност им кажаа на најблиското семејство и на долгогодишните доверливи пријатели. Сите мораа да се заколнат на тајност –  изјавил пријателот на актерот за The Sun.

-Тејлор има прекрасен прстен што го носи само кога е дома, а само неколку луѓе ги знаат деталите за венчавката. И двајцата сакаат нивната љубов да биде што подолго подалеку од камерите. Тоа е само за нив! И ако и кога разменуваат завети, таму дефинитивно нема да бидат поканети медиумите. Ќе биде едноставно и елегантно како нив – додаде тој.

Поради нивната тајност, двојката најверојатно нема да ја потврди свршувачката, а всушност не се знае кога започнала нивната врска. Актерот веќе стана вистински професионалец во избегнувањето прашања за нивната свршувачка, за која се шпекулира веќе некое време.

-Да имав по една фунта за секој пат кога ќе ми кажат дека сум свршен, ќе имав многу пари. А искрено не би потврдил дека е вистина, но и дека не е – изјави Џо за WSJ на почетокот на оваа година.

Како што објавија странските медиуми, нивната прва средба се случила на 2 мај 2016 година на Мет Гала. Се дозна дека тие се заедно една година подоцна.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.