Шоубиз
Tејлор Свифт поделила 197 милиони долари бонус за вработените на својата турнеја
Моментално најголемата музичка ѕвезда во светот Тејлор Свифт во неделата го одржа последниот концерт во низата на нејзината голема турнеја „The Eras“ во Ванкувер, Канада.
Од почетокот на турнејата „The Eras“ во март 2023 година, Тејлор Свифт поделила 197 милиони долари во бонуси на нејзините изведувачи и членови на екипажот, според списанието Rolling Stone.
Членовите на екипажот, кои добија и бонус покрај платата, се возачи на камиони, угостители, техничари за инструменти, костимографски тим, тим за осветлување и звук, продукциски персонал и асистенти, столари, танчери, бенд, обезбедување, кореографи, пиротехничари, фризери, шминкери, стилисти за гардероба, физиотерапевти и членови на видео тимот, пренесува магазинот People.
Дарежливите бонуси беа откриени кога турнејата заврши на 8 декември, по три последователни концерти во Ванкувер.
Во август 2023 година, кога Свифт го заврши првиот дел од турнејата во Северна Америка, магазинот People потврди дека дала повеќе од 55 милиони долари во бонуси.
До крајот на нејзиното 149-то шоу, Свифт продаде билети во вредност од 2.077.618.725 долари, што е рекордно високо ниво за една концертна турнеја.
Само минатата година, „The Eras Tour“оствари продажба на билети во вредност од 1 милијарда долари. Тогаш, рекордната турнеја на Тејлор Свифт ја симна од тронот едногодишната турнеја на Елтон Џон „Farewell Yellow Brick Road“.