Шоубиз
Тејлор Свифт скрши прстен од 12.000 долари на VMA наградите (ВИДЕО)
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт си замина од MTV VMA наградите со девет статуи, но без скапоцен прстен. Пејачката толку многу се забавувала и танцувала на доделувањето што случајно го скршила прстенот што го носела на раката.
Станува збор за винтиџ прстен „Van Cleef Arpels“ од „Joseph Saidian & Sons“ чија цена е 12 илјади долари. Прстенот направен од оникс и дијамант содржи и 18-каратно жолто злато. Но, како што пренесе магазинот „People“, за време на церемонијата испаднал дијамантот од прстенот.
help taylor broke her ring?? pic.twitter.com/nJXeZraVLf
— Taylor Throwbacks (@ThrowbackTaylor) September 13, 2023
На интернет стана вирално видеото од моментот кога Тејлор сфаќа дека го скршила прстенот и тргнува во потрага по исчезнатиот дијамант. Додека му го покажувала својот скршен прстен на еден од вработените, пејачката направила многу загрижено лице.
На крајот на вечерта Тејлор сепак успеа да го пронајде дијамантот, на што аплаудураше публиката околу неа.
?| If anyone was wondering, the stone of Taylor's ring was eventually found and she was so cute when she spotted it?pic.twitter.com/XL26Sfp1lC
— Taylor Swift Updates ? (@swifferupdates) September 14, 2023
Свифт доминираше на овогодинешните MTV VMA награди, таа освои 9 одличја од 11 номинации, вклучувајќи ја и главната награда за видеоспот на годината, за најдобра песна, визуелни ефекти и најдобра поп-песна на годината.