Шоубиз
Тејлор Свифт страсно го бакна Тревис Келси по победата на Супербол
Тејлор Свифт беше присутна за да ја прослави победата на Тревис Келси и Канзас Сити Чифс на Суперболот. Свифт по завршување на натпреварот се симна на теренот, каде што повеќе пати го прегрна и бакна своето момче.
Откако Канзас Сити Чифс ги победи Сан Франциско 49ерс (25-22) и го освои својот втор последователен трофеј Ломбарди – трета победа на тимот во Супербол во пет години – на играчите од тимот им се придружија пријателите и семејството на теренот на стадионот Алегиант во Лас Вегас, Невада.
Travis and Taylor. 🥹❤️ pic.twitter.com/wCb19KO0Qa
— NFL (@NFL) February 12, 2024
Свифт, која носеше црн корсет и фармерки и специјално ланче со бројот „87“, натпреварот го гледаше од ВИП апартман заедно со Ice Spice, Блејк Лајвли и Лана Дел Реј.
Присутни во апартманот за големото финале беа и членовите на семејството на Тревис – неговите родители Ед и Дона Келси и братот Џејсон со сопругата Кајли. Фамилијата Свифт, исто така, дојдоа да ја покажат својата поддршка, вклучително и родителите на Тејлор, Андреа и Скот Свифт и нејзиниот братот Остин со неговата девојка Сиднеј Нес.
Свифт се упати кон Лас Вегас веднаш по завршување на нејзиното 4-то шоу во Токио во рамките на турнејата „Eras Tour“.