Шоубиз
Тимоти Шаламе открива: „Морав да накачам 10 килограми за улогата на Дилан“
Тимоти Шаламет (29), актерот номиниран за Оскар за улогата на Боб Дилан во биографскиот филм „A Complete Unknown“, откри колку посветеност морал да вложи во играњето на Дилан.
– Верувале или не, јас бев послаб од него. Потенок од Боб. Морав да накачам 10 килограми за да станам Боб Дилан, изјави актерот за AP News, додавајќи дека покрај физичката промена, морал да го научи и однесувањето на Дилан.