Тристан Томпсон јавно потврди дека повторно ја изневерил Кардашијан: „Детето е мое, не го заслужуваш ова понижување“
НБА ѕвездата Тристан Томпсон (30) објави писмо со извинување до својата поранешна девојка Клои Кардашијан (37), откако тестот потврди дека е татко на детето на Марали Николс, кое го тужи за татковство.
– Денеска резултатите од тестот за татковство открија дека сум татко на дете со Марали Николс – напиша тој на својот Инстаграм.
Николс поднела тужба тврдејќи дека Томпсон е таткото, а судските документи велат дека имале сексуален однос на прославата на неговиот роденден во март 2021 година.
– Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Сега кога е воспоставено татковството, со нетрпение го очекувам заедничкото воспитување на нашиот син. Искрено им се извинувам на сите што сум ги повредил или разочарав за време на ова искушение, јавно и приватно – напиша Томпсон во извинувањето.
Тој особено истакна дека му е жал за сета болка што и ја нанел на поранешната Клои Кардашијан по нивното раскинување минатата пролет.
– Не ја заслужуваш болката и понижувањето што ти ги нанесов. Не го заслужуваш начинот на кој се однесував со тебе низ годините – се извини тој.
-Чувствувам најголема почит и љубов кон тебе. Без разлика што мислиш. Повторувам, неверојатно ми е жал – изјави тој.
Клои и Тристан ја имаат заедно 3-годишната ќерка Тру, а ова е втор пат Тристан јавно да биде фатен како изневерува за време на врската со Клои.