Шоубиз
Уште шест поранешни вработени ја обвинија Лизо за сексуално вознемирување
Пејачката Лизо се соочува со нови обвинувања за сексуално вознемирување, пренесува Page Six.
Нејзините адвокати ја потврдија оваа информација и изјавија дека ги разгледуваат тврдењата.
Адвокатот Рон Замбрано рече дека ги испрашувале танчерите со кои работела Лизо. Првите три танчерки зборуваа отворено и ги споделија своите искуства, што ги поттикна и другите луѓе да зборуваат за нивните искуства. Замбрано тврди дека не се работи само за сексуална злоупотреба туку и за неплаќање на вработените.
„Неверојатно е како Лизо и нејзиниот менаџерски тим ги третирале своите изведувачи спротивно на сето она за што Лизо се залага јавно, додека приватно ги срами своите танчери и ги понижува на начини кои се апсолутно деморализирачки“, рече Замбрано.
Инаку, на 1 август во Лос Анџелес била поднесена тужба за сексуално вознемирување против пејачката и нејзината продукциска куќа „Big Grrrl Big Touring, Inc (BGBT)“. Тоа го направија танчерките Аријана Дејвис, Кристал Вилијамс и Ноел Родригез. Трите поранешни танчерки поднесоа тужба против поп-ѕвездата Лизо поради наводите дека четирикратната добитничка на Греми ги изложувала танчерите на сексуално вознемирување и создавала непријателска работна средина.
Девојките ја обвинија Лизо, чие вистинско име е Мелиса Вивиен Џеферсон, дека го прекршила законот со тоа што не успеала да спречи или поправи непријателска работна средина, сексуално вознемирување и религиозно вознемирување, како и напад и дискриминација врз основа на попреченост. Еден од нив наводно го посрамила поради прекумерната телесна тежина. Лизо, пак, вели дека танчерите лажат.
„Знам какво е чувството да се биде засрамен, на дневна основа, и апсолутно никогаш не би критикувала или отпуштила вработена поради нејзината тежина. Повредена сум, но нема да дозволам ова да ја засени добрата работа што ја правам во светот. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа и ме подигнуваат во овој тежок миг,“, напиша меѓу другото Лизо.
— FOLLOW @YITTY (@lizzo) August 3, 2023