Ванеса Брајант и најстарата ќерка Наталија упатија емотивни пораки за роденденот на Коби
Ванеса Брајант објави фотографија на Инстаграм со нејзиниот покоен сопруг Коби Брајант, кој денеска ќе го славеше својот 43 -ти роденден доколку беше жив.
-Среќен роденден Папи. Те сакам засекогаш – напиша Ванеса (39) на Инстаграм.
Љубовната врска помеѓу Коби и Ванеса започна откако се запознаа во ноември 1999 година. Се вериле шест месеци потоа, и се венчале во 2001 година. Во бракот имаа четири ќерки: Наталија, Џиана, Бјанка и Капри.
И нивната најстара ќерка Наталија објави фотографија со која го одбележа роденденот на нејзиниот татко.
Легендарниот НБА кошаркар почина прерано на само 41 година во трагична хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Заедно со Коби, во несреќата загина и нивната 13-годишна ќерка Џиана.