Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВИДЕО: Читач од усни откри што ѝ рекол Џеј Зи на Бијонсе за време на Греми наградите

Шоубиз

ВИДЕО: Читач од усни откри што ѝ рекол Џеј Зи на Бијонсе за време на Греми наградите

Кога Бијонсе беше прогласена за победничка на 67. Греми награди, таа изненадено стана за да ја прими наградата. Во тој момент ѝ пријде нејзиниот сопруг, Џеј Зи, кој ѝ шепна нешто на уво.

Читачот на усни Н.Џ. Хиклинг за британскиот Мирор откри дека раперот ѝ рекол:

Маркетинг

“Леле, леле, леле. Време е! Ти си најдобра.”

По приемот на наградата, Бијонсе изјави дека не ја очекувала победата и им се заблагодари на своите колеги и на Бога.

“Сакам да им се заблагодарам на сите неверојатни кантри уметници кои го прифатија овој албум. Работевме многу напорно на него. Понекогаш жанрот е коден збор што нѐ ограничува како уметници. Сакам да ги охрабрам сите да го следат она за што се страстни и да истраат.” – изјави Бијонсе.

Оваа година Бијонсе беше номинирана во 11 категории и освои три награди, меѓу кои и албум на годината, што е првпат во нејзината кариера да ја добие оваа престижна награда.

Некои корисници на социјалните мрежи сега шпекулираат дека организаторите биле под притисок, па дури и дека Џеј Зи платил за наградата, но за овие тврдења нема докази.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.