Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок, Академијата покрена истрага за инцидентот

Шоубиз

Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок, Академијата покрена истрага за инцидентот

Вил Смит му се извини на Крис Рок откако му удри шлаканица на Оскарите, велејќи дека неговото однесување е „неприфатливо и неоправдано“.

-Би сакал јавно да ти се извинам, Крис – рече тој во изјавата.

-Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Моето однесување на синоќешното доделување на Оскарите беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џејда ми беше тешко да ја поднесам и реагирав емотивно. Би сакал јавно да ти се извинам, Крис. Бев надвор од контрола и згрешив. Засрамен сум и моите постапки не беа показател за човекот кој сакам да бидам. Нема место за насилство во свет на љубов и добрина. Исто така, сакам да се извинам и на Академијата, на продуцентите на шоуто, на сите присутни и на сите што гледаа ширум светот. Би сакал да му се извинам на семејството Вилијамс и на моето семејство од филмот „King Richard“. Длабоко жалам што моето однесување го извалка она што инаку беше прекрасно патување за сите нас – гласи целосната порака за извинување.

Пред извинувањето на Смит, организацијата која стои зад Оскарите во соопштение рече дека ги „осудува постапките“ на Смит.

-Официјално започнавме формален преглед околу инцидентот и ќе истражиме понатамошни дејствија и последици во согласност со нашите подзаконски акти, стандарди на однесување и законите во Калифорнија – се вели во соопштението.

Ѕвездата му удри шлаканица на Рок во лице на сцената откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на актерот, Џејда Пинкет Смит. Набргу потоа, Смит го доби првиот Оскар во кариерата играјќи го таткото на тениските легенди Венера и Серена Вилијамс во „Кралот Ричард“.

Полициската управа во Лос Анџелес потврдила за американските медиуми дека Крис Рок „одбил да поднесе полициска пријава“.

– Инспекторите од LAPD се свесни за инцидент меѓу две лица за време на церемонијата на доделување Оскар. Во инцидентот едно лице му удрило шамар на друго. Инволвираниот одбил да поднесе пријава во полиција. Доколку инволвираната страна сака подоцна полициски извештај, LAPD ќе биде достапен да го комплетира извештајот од истрагата, се вели во соопштението на полицискиот оддел во Лос Анџелес.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.