Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вирално видео: Мајката на Пике ја нападна Шакира!

Шоубиз

Вирално видео: Мајката на Пике ја нападна Шакира!

На социјалните мрежи се појави видео на кое мајката на Пике ја напаѓа Шакира и ја фаќа за лице.

Имено, на социјалните мрежи кружи видео кое открива колку биле лоши односите меѓу пејачката и нејзината свекрва Монсерат Бернабеу. Многумина ја осудија Шакира откако се појави веста дека поставила кукла вештерка на балконот, свртена кон домот на поранешната свекрва и „скокнаа“ во одбрана на Монсерат со зборовите дека не треба да се мешаат другите членови на семејството во љубовните проблеми.

 

Но, многу од нив сега го променија мислењето откако се појави видео на кое Шакира и нејзината свекрва се расправаат и кое покажува дека презирот кон неа кој пејачката го чувствува, не настанал без причина.

Во еден момент, на видеото се гледа како мајката на Пике бесно ја фаќа Шакира за лице, а потоа ѝ гестикулира да молчи, додека Пике, кој е во нивно друштво не реагира, дури и се тргa настрана.

Снимката предизвика многу коментари, мислењата на јавноста за видеото се различни, некои се бесни, a некои сметаат дека не се расправаат воопшто, туку само разговараат. Но, најголемиот дел од јавноста го осудува Пике поради тоа што нема никаква реакција.

Корисниците на социјалните мрежи се лути поради видеото, а сметаат дека Шакира требало порано да го напушти фудбалерот. Ниту еден од двајцата се уште не се изјаснил за оваа снимка. Инаку, снимката од инцидентот која штотуку заврши на мрежите е од порано, но не се знае точниот датум.

За потсетување, Шакира и Пике официјално ја прекинаа долгогодишната врска кон средината на 2022 година, во која добија два сина, Милан (9) и Саша (7). Пике ја изневерил Шакира со својата девојка Клара Чиа Марти (23).

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.