ВИСТИНСКО ШОУ: Екстравагантната Марија Груевска повторно изненади во „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)
Марија Груевска, или како што жирито обожува да ја нарече „македонската Лејди Гага“, важи за една фаворитите во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Таа од емисија во емисија не престанува да изненадува со екстравагантниот начин на облекување, но и со фантастичниот музички настап.
Жирито последниот пат беше шокирано кога битолчанката се појави на сцената на „Гранд“ со змија. а оваа сабота таа повторно воодушеви кога на сцената се појави со врзани раце и во количка.
„Ти си идната победничка, ти благодарам што му даваш нова димензија на шоуто“, изјави Мили.
Карлеуша, пак, ја пофали Груевска потенцирајќи дека не секој може да го разбере нејзиниот концепт.
„Сите зборуваат за тебе бидејќи го препознаа концептот. Треба да ги негуваме ваквите луѓе“, порача Јелена и додаде дека секогаш ќе гласа за уметноста.
Груевска со настапот обезбеди свое место во полуфиналето од шоуто.
https://www.youtube.com/watch?v=JPFxwIZFHsY