Во авионска несреќа почина актерот од Тарзан, Џо Лара и неговата сопруга
Американскиот актер Џо Лара познат по својата улога на Тарзан, загина во авионска несреќа во близина на американскиот град Нешвил, на 58-годишна возраст.
Малиот бизнис џет авион, во кој Лара бил заедно со својата сопруга, се срушил во саботата околу 11:00 часот по локално време, непосредно по полетувањето од Смирна, аеродромот во Тенеси за Палм Бич, Флорида, пренесуваат странските медиуми. Авионот се спуштил во езерото Перси Прист, на околу 19 километри јужно од Нешвил.
Федералната управа за авијација потврди дека во авионот се наоѓале седум лица, објави „Си-Ен-Ен“.
Лара го играше Тарзан во телевизискиот филм „Tarzan in Manhattan“ во 1989 година. Подоцна глумеше во телевизиската серија „Tarzan: The Epic Adventures“, која траеше од 1996-1997 година.