Шоубиз
„Време е!“: Мараја Кери со својот хит ја најави претстојната празнична сезона
Пејачката Мараја Кери веќе традиционално на своите друштвени мрежи објавува видео со кое ја најавува празничната сезона, кога нејзината божиќна песна ќе се слуша насекаде.
„Време е“, напиша таа во описот на видеото каде што преминува од Ноќта на вештерките на 31-ви октомври во божиќната атмосфера на 1-ви ноември.
Оваа година „Божиќната кралица“, како што ја нарекуваа нејзините обожаватели, се „одмрзна“ точно на полноќ на 1 ноември. На почетокот на видеото е прикажан силно чуван сеф. Над него имаше часовник кој ги одбројува секундите до долгоочекуваниот ден. Кога часовникот отчука полноќ, вратата се отвори за да се открие „замрзната“ Мараја.
Околу неа се статисти облечени во џемпери со божиќна тема како и нејзините 12-годишни близнаци Марокан и Монро, а Мараја носи црвен комбинезон. Секако, се појави песната „All I Want For Christmas Is You“. Видеото на Тикток веќе има повеќе од 40 милиони прегледи и околу десет милиони лајкови.
@mariahcarey It’s…… TIME!!! ??? #MariahSZN
На 29 октомври 1994 година беше објавена омилената божиќна песна „All I Want for Christmas is You“, во изведба на Мараја Кери. Пред две години таа песна беше на врвот на листата на Billboard’s Hot 100. Тогаш медиумите пишуваа дека тоа е неверојатно достигнување бидејќи песната е стара речиси 30 години.
Песната беше издадена од Кери во 1994 година како дел од нејзиниот албум „Merry Christmas“ и оттогаш се смета за еден од најголемите празнични хитови. Тој е најпродаваниот американски божиќен албум на сите времиња, продаден во повеќе од 15 милиони копии ширум светот.