Шоубиз
Врховниот суд и го одзеде синот на Северина: „До последната капка крв ќе се борам за моето дете“
Пејачката Северина и српскиот претприемач Милан Поповиќ повеќе нема да го делат старателството над нивниот малолетен син Александар.
Според „Национал“, Врховниот суд во Загреб ја укина пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, кој во август 2021 година одлучи детето да поминува две недели со таткото, а потоа две недели со мајката. Според неделникот, пресудата е поништена затоа што судот во Сплит го прекршил Законот за парнична постапка, за кој одлучувал на 16 јануари годинава.
Со укинувањето на тоа решение, старателството му се враќа на таткото и тоа решение стапува во сила веднаш.
Нивната жестока борба за старателството над малолетниот син трае од 2013 година.
Северина ја коментираше пресудата на Врховниот суд за хрватското издание на порталот 24 сата, а потоа самата се огласи на Инстаграм:
„За малата капка на дланката и процедурите
Го носам уште од кога беше мала капка на дланка. Откако се роди, сме само ние двајца. Првиот заб, првата температура, првите чекори. Татко му повремено се појавуваше (како и ден-денес) и заминуваше. И потоа, одеднаш одлучи да биде татко. Оттогаш, веќе 11 години, трае измачувањето и агонијата на моето дете и мојата. Рочишта, сослушувања, испитувања, пријавувања, вештачења.
Знаеш дека не си направила ништо лошо. И не можеш да поверуваш дека повторно ти се случува истото. И не си крива. Никогаш не сум ни повишила глас на моето дете, а камоли нешто слично. Не постои ама баш никаква причина поради која детето не би требало да живее во домот во кој се роди, со мене, со баба му, со луѓето кои ги знае од раѓање.
Сега врховните судии ја дадоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое десет години ја трпи тортурата на системот, а јас заедно со него. Не сакам да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам повеќе да барам никакви неправилности, особено оние кои беа изнесени против правната практика на Уставниот суд…
Јас сум мајка. Тој е моја капка на дланка, а јас за него ќе се борам до последната капка крв. За мојата капка на дланка. Моето дете живее и оди на училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Срам ми е од оваа држава што вакви работи му се прават на детето, а јас да не смеам да зборувам за тоа за да не навредам некого.
Да поедноставам, ова значи дека своето дете, кое сум го родила, го одгледувам, школувам и живее со мене од раѓање, повторно ќе го гледам вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд во сабота и недела.
Ја поминав целата голгота на хрватското правосудство, па ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд. Велат дека ја укинале пресудата поради процедурални причини. Да ве е*ат процедуралните причини. Да ве е*е и корупцијата во оваа држава. Еднаш успеавте, овој пат нема!“- напиша Северина.
Пејачката го запознал „кралот на бакарот“, Милан Поповиќ додека пеела на неговата роденденска прослава. Милан по кратка врска се сврши со пејачката, а набргу потоа Северина го роди синот Александар. Сепак, една година по неговото раѓање, Северина и Милан раскинаа. Нивната разделба беше бурна, а двете страни во медиумите упатија обвинувања за нивниот поранешен партнер. Исто така, од моментот кога нивната љубов пропадна, и двајцата започнаа битка за старателство која трае со години.